Колумбиската Армија за национално ослободување нападна и оштети нафтовод
05.09.2016 12:24
Колумбиската Влада неодамна склучи мировен договор со најголемата бунтовничка група во земјата ФАРК.

Левичарската револуционерна група „Армија за национално ослободување“ изврши напад врз нафтовод во источниот дел на Колумбија. Нафтената компанија „Екопетрол“ се обидува да го запре истекувањето за да не се уништи животната средина.
Колумбиската Влада неодамна склучи мировен договор со најголемата бунтовничка група во земјата ФАРК.
Претходно најави преговори за примирје и со Армијата за национално ослободување.
