ИД ја загуби последната територија на сириско- турската граница
05.09.2016 12:43
Со ова, џихадистите останаа без последната врска со надворшениот свет, откако курдските сили и САД ги протераа од границата по борбата што трае над 21 месец.

Исламска држава ја загуби последната територија на сириско-турската граница која ја освоија сириските бунтовници со поддршка од Турција.
Со ова, џихадистите останаа без последната врска со надворшениот свет, откако курдските сили и САД ги протераа од границата по борбата што трае над 21 месец.
Додека напредувале кон запад од Џараблус, бунтовничките групи кои учествуваа во офанзивата се споиле со групата што се движела кон исток.
Пред десет дена, Турција ја почна првата копнена операција во Сирија, испраќајќи стотици борци и тенкови.
