Бензините поскапуваат за половина денар
05.09.2016 12:52
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС 95 ќе биде 62 денари, а на Еуросупер БС 98 ќе изнесува 64 денари.

Малопродажната цена на бензините од полноќ се зголемува за половина денар, а цената на дизелот останува непроменета.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС 95 ќе биде 62 денари, а на Еуросупер БС 98 ќе изнесува 64 денари. За половина денар поскапува и екстра лесното масло за домаќинство.
Причини за корекциите на цените се движењата на светските берзи на енергенси и курсот на американскиот долар во однос на денарот.
