ФЗОМ: Задолжителна електронска пријава и одјава за сите фирми
Сите фирми од утре задолжително ќе треба да ја користат електронската услуга ...

Сите фирми од утре задолжително ќе треба да ја користат електронската услуга - пријава и одјава на здравствено осигурување преку интернет порталот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).
Електронската услуга за фирмите е воведена во декември и тие пријавувањето и одјавувањето на вработените и нивните семејства, наместо во подрачните служби на Фондот, може да го прават од својата канцеларија за што треба да имаат овластено лице кое има активна електронска здравствена картичка и читач кој чини околу 600 денари.
„Во Македонија има 75.500 фирми од кои 70.000 се активни. Состојбата не е задоволителна бидејќи досега има 2.000 фирми кои доставиле овластување и кои почнале да ја користат оваа алатка. Тоа е мал процент во однос на 70.000 активни фирми. Сепак, има одредени градови каде податоците се охрабрувачки. На пример во Струмица повеќе од 20 проценти, а во Битола околу 12 проценти од фирмите веќе ја користат таа платформа, а другите градови заостануваат“, посочи Парнарџиева- Змејкова.
