Над 40% од компаниите имаат проблеми со наплатата

05.09.2016 13:15

97 насто од членките на Стопанската комора навреме го добивале повратот на ДДВ-то, а само кај 3 насто имало доцнења...

Анкетата на Стопанската комора на Македонија покажала дека 97 насто од членките навреме го добивале повратот на ДДВ-то, а само кај 3 насто имало доцнења.

Во анкетата на оваа бизнис- асоцијација биле вклучени 800 компании. Во однос на побарувањата, над 40 насто од фирмите имаат проблеми при наплатата при што поголем дел од должниците биле јавни претпријатија.

Компаниите бараат измени во Законот за извршување за да се олесни постапката на наплата на долговите.