Сирија: 38 загинати во напад на Исламска држава
05.09.2016 14:05
Сѐ уште пристигнуваат информации за експлозии во повеќе делови од областа...

Најмалку 38 луѓе загинаа во неколку силни експлозии во делови под контрола на сириските власти во близина на градовите Хомс, Дамаск и Тартус, во кои цел биле владини и воени објекти.
Сириската опсерваторија за човекови права, пак тврди дека загинале повеќе од 47 лица, а дека над 45 се ранети. Сѐ уште пристигнуваат информации за експлозии во повеќе делови од областа.
Исламска држава презеде одговорност за нападот на бомбашот самоубиец во североисточниот сириски град Хасаки во кој загина едно лице, а беа ранети 15-ина членови на курдските сили.
