Над 40 проценти од компаниите имаат проблеми со наплатата
Над 40 проценти од фирмите имаат проблеми при наплатата при што поголем дел од должниците се јавни претпријатија- покажува анкетата на Стопанската комора на Македонија. 97 насто од членките навреме го добивале повратот на ДДВ-то, а само кај 3 насто имало доцнења...

Повеќе од 40 проценти од домашните компании имаат проблем со ликвидноста зашто не можат да ги наплатат побарувањата, особено од јавните претпријатија. Бараат измени во новиот Закон за извршување кој треба да стапи на сила од 1-ви јануари. Од Стопанската Комора велат измените се во насока да може да се повлечат пари од сметката на должникот без никакви ограничувања.
„Да се уреди дека за сите права и пердмети во смисла за членот 218 од Законот за извршување, не се сметаат паричните средства кои се наоѓаат на сметката на носителите на платен промет, и дека со овие срества може да се спроведува извршување без никакво ограничување“, вели Билјана Пеева Ѓуриќ од Стопанската комора на Макеоднија.
Во анкетата компаниите посочиле дека имале проблеми при наплата на побарувањата по судска одлука. 97 проценти од анкетираните укажале дека нема поголеми проблеми со повратот на ДДВ, ама кога станува збор за помала сума. Во случаи кога се работи за поголем поврат на ДДВ, подолго се чека, што пак им создава дополнителни трошоци, тврдат од Комората.
Во такви случаи најчесто дупките ги пополнуваат со кредит за да можат да ги сервисираат своите обврски. Анкетата покажала и уште еден податок- компаниите се пожалиле и дека потешко остваруваат соработка со странските компании.
Дијана Ценевска
