До 30-ти септември аплицирање за стипендии за старотурски јазик

05.09.2016 14:41

Министерството за образование доделува 20 стипендии, а по завршувањето на студиите, дипломците ќе бидат вработени во соодветни институции.

До 30-ти септември студентите ќе може да аплицираат за стипендиите наменети за изучување на старотурскиот јазик на некој од светските универзитети.

„Досега се пристигнати три апликации, но со оглед на тоа што во изминатиов период бројни заинтересирани кандидати комуницираа со МОН, апелирам да внимаваат на крајниот рок, да се пријават и да ја искористат ретката можност што ја нуди државата за бесплатно студирање и гарантирано и брзо вработување на специфично работно место преку кое ќе помогнат во проучувањето на бројни факти за нашата историја“, изјави заменик- министерот за образоване, Спиро Ристовски.

Министерството за образование доделува 20 стипендии, а по завршувањето на студиите, дипломците ќе бидат вработени во соодветни институции.