Извоз од 2,7 - увоз од 3,8 милијарди долари
05.09.2016 15:04
Трговскиот дефицит изнесува 1,1 милијарда долари, а покриеноста на увозот со извоз 70,9 насто...

Извозот на стоки и услуги за седумте месеци од оваа година надминал 2,7 милијарди долари и е повисок за 5,6 насто во однос на истиот период лани. Увозот растел побавно, достигнал 3,8 милијарди долари и е зголемен за 4,4 насто.
Трговскиот дефицит изнесува 1,1 милијарда долари, а покриеноста на увозот со извоз 70,9 насто.
Најзначаен нардворешно- трговски партнер на земјава останува Германија. Нашиот извоз достигнал 1,28 милијарди долари, а увозот 488 милиони, со суфицит на наша страна од 796 милиони долари.
Втора на ранг листата е Велика Британија, а потоа следуваат Србија, Грција, Италија, Бугарија, Кина, Турција, Романија и Белгија.
