Избрани нови 25 судии

05.09.2016 15:07

Дел од судиите кои беа избрани за основните судови за првпат ќе седнат на судиските столчиња како кандидати кои ја минале обуката на Академијата за судии и јавни обвинители.

Судскиот совет на Република Македонија избра 25 судии во повеќе судови во земјава. Дел од судиите кои беа избрани за основните судови за првпат ќе седнат на судиските столчиња како кандидати кои ја минале обуката на Академијата за судии и јавни обвинители.

За во повисоките судови кандидатите биле избрани според потребните критериуми – бодови и стаж како судии. Најмногу пријавени кандидати имало за пет слободни места во Апелациониот суд во Скопје.