Новата сезона на МОБ- најбогата досега

05.09.2016 16:01

Во пресрет на јубилејот 70 години постоење, Македонската опера и балет во новата сезона ќе понудат 180 наслови. Новата сезона почнува со гала оперски концерт на 7-ми октомври...

Мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески, прошталниот концерт на легендарните „Леб и Сол“, 180 настани, концерти, опери, премиери. Новата сезона на Македонската опера и балет со најбогата програма досега. Свеченото отворање закажано за 7-ми октомври со гала оперски концерт. Премиерно ќе се прикажат „Евгениј Онегин“, „Турандот“ , „Дон Џовани“ . Во новата сезона нема да изостанат и традиционалниот Новогодишен и Василичарски концерт.

И балетот при МОБ најавува спетакл- за прв пат во Македонија „Лебедово Езеро“ ќе се одигра на мраз. Во редовната програма нема да изостанат и балетските претстави за најмладите. Меѓу нив најатрактивна, велат од МОБ ќе биде светската премиера на „Клеопатра“.

Покрај ова, Македонската опера и балет ќе одигра хуманитарни претстави за поплавените. Во новата сезона балетот по повод 25- годишнината од македонската државност ќе гостува во Белград.

 

Викторија Милевска