Гинеколог обвинет за смрт на родилка

05.09.2016 16:54

Лекарот е осомничен дека на 18 февруари во прилепската болница „Борка Талески“ во којашто работел не интервенирал на време при породувањето на пациентката...

Прилепското обвинителство поднесе обвинителен предлог против гинекологот поради чија негрижа почина родилка во февруари годинава. Лекарот е осомничен дека на 18 февруари во прилепската болница „Борка Талески“ во којашто работел не интервенирал на време при породувањето на пациентката.

Кога состојбата ѝ се влошила, осомничениот лекар ја оперирал, но било предоцна. Родилката западнала во хемирагичен шок, изгубила многу крв и починала како резултат на обилното крварење.

Лекарот се товари за кривично дело „Тешки дела против здравјето на луѓето“.