Геопортал за водење и размена на просторни податоци

31.01.2014 11:57

Сите просторни податоци во државата со кои располагаат 17 институции и бизнис коморите ќе бидат достапни ...

Сите просторни податоци во државата со кои располагаат 17 институции и бизнис коморите ќе бидат достапни на Геопортал на националната инфраструктура, кој ќе го олесни пристапот, водењето, размената и користењето на просторните податоци, што за една година треба да го воспостави Агенцијата за катастар на недвижности. 
 
Вицепремиерот Владимир Пешевски, на денешната прес- конференција соопшти дека геопросторните податоци ќе се ажурираат тековно, а преку овој проект ќе се подобри квалитетот на ваквиот вид информации.
 
Директорот на Катастар, Славче Трпески, вели дека на овој начин ќе се добијат точни податоци за увид во градежни парцели и сите останати статистички податоци.
 
Најавена е и изработка на мобилна апликација за подостапност на оваа услуга. 
 
Примената на проектот според почетните проекции ќе чини два милиони евра, обезбедени од Буџетот и вклучените институции. 
 
 
 
Сузана Фиданска- Стоева