Тече рокот за субвенции за складирање пченица
Земјоделците кои ја складираа пченицата од годинешниот род можат да поднесуваат барања за субвенции. Рокот за пријавување е до 15-ти септермври.

Рокот за поднесување на барања за субвенции за складирање на пченицата завршува на 15-ти септември.
Финансиската поддршка се добива за покривање на 80 проценти од трошоците за складирање во силоси регистрирани за откуп на земјоделски производи.
Барањата се поднесуваат во платежната Агенција со три документи и тоа, договор за складирање, потврда колкаво количество е превземено за чување и извештај за квалитетот на пченица од овластена лабораторија.
Корисниците на финансиската поддршка до платежната Агенција треба да поднесуваат барања секој втор месец , а исплатата ќе се врши на 60 дена.
Методија Трајков
