Продолжува расправата за ребалансот на буџетот

06.09.2016 10:07

Се предлага обезбедување доополнителни 36,4 милиони евра за целосно обештетување на полавените.

Собраниската комисија за финансирање и буџет треба да ја продолжи расправата по предлог законските корекции на буџетот за годинава. Се предлага обезбедување доополнителни 36,4 милиони евра за целосно обештетување на полавените.

Приходите со предложениот ребаланс на буџетот остануваат непроменети, се зголемуваат расходите. Расте и буџетскиот дефицит, од 3,6 на 4 проценти, проектиран да изнесува околу 376 милиони евра.