Протести за затворање на бегалскиот камп „Џунгла“ во Франција
Францускиот министер за внатрешни работи Казнев вети дека ќе го затвори целосно поради проблемите со кои се соочи локалното население, но демонстрантите инсистираат да се одреди точниот датум.

Неколку сектори во Франција ги блокираа патиштата во северниот дел на земјата, со барање да се затвори кампот за бегалци во Кале, познат како „Џунгла“. Францускиот министер за внатрешни работи Казнев вети дека ќе го затвори целосно поради проблемите со кои се соочи локалното население, но демонстрантите инсистираат да се одреди точниот датум.
„На лицето ми се гледа дек сум преморен. Работам, водам бизнис, вработени, и не може да продолжам вака. Толерантни сме премногу.“
„Проблемот е тоа што ова трае предолго. Не можеме да живееме од нашата работа веќе, мигрантите почнаа насилно да се качуваат на камионите.“
„Работата станува неподнослива. 30 години возам на релација Франција-Британија. Сега се плашам поради бегалците. Постојано не малтретираат“, велат демонстрантите.
Над 7.000 бегалци од Блискиот Исток и од Африка, кои се сместени во „Џунглата“ сакаат да стигнат во Велика Британија. Дел од нив прифатија да бидат префрлени во други прифатни центри низ целата земја.
