Европските бизнис награди за 14 македонски компании
Целта на наградите е да го поддржи развојот на посилна и поуспешна бизнис заедница ширум Европа. Наградите се спонзорирани од РСМ, шестата најголема мрежа на независни компании од областа на ревизија, даночно советување и консалтинг во светот.
Четиринаесет компании од Македонија се прогласени за национални шампиони на Европските бизнис награди од лидери во бизнисот, академици и политички претставници од Европа.
На листата на национални шампиони од државава се: „Стопанска банка“ а.д. Скопје, АСПЕКТ, „Брансис“, „Дигитал центар“ доо Скопје, „Динерс Клуб Македонија“, „Камчев Консалтинг“дооел Скопје, „Мелон Солушнс“, „НЛБ Банка“ ад Скопје, П.И.К.Ко ДООЕЛ, РАДЕ КОНЧАР -Трансформатори и електрични постројки-ТЕП ДООЕЛ Скопје, „Скрин Медиа“ дооел, Универзитет Југоисточна Европа, ТТК Банка АД Скопје, „Везе Шари“ доо.
Целта на наградите е да го поддржи развојот на посилна и поуспешна бизнис заедница ширум Европа. Наградите се спонзорирани од РСМ, шестата најголема мрежа на независни компании од областа на ревизија, даночно советување и консалтинг во светот.
Годинава учествуваа 33.000 компании од 34 европски држави, а националните шампиони се избрани по првиот круг на оценување, соопшти РСМ Македонија.
