Расправа за нов референдум за членството на Обединетото Кралство во Европската Унија

06.09.2016 10:40

Иако нема правно значење, жестоката дебата за Брегзит не стивнува. Многу компании ставија катанци на вратите, па иднината на голем дел од Британците останува неизвесна.

Британскиот парламент расправа за втор референдум за членството во Европската Унија поради петицијата која доби потпис од 4,1 милион државјани на Обединетото Кралство.

Иако нема правно значење, жестоката дебата за Брегзит не стивнува. Многу компании ставија катанци на вратите, па иднината на голем дел од Британците останува неизвесна.

Оние што решија да и свртат грб на Унијата се сигурни во одлуката и ги демантираат лошите прогнози за економијата на островот.

Премиерката Тереза Меј изјави дека и покрај неизбежните проблеми во процесот на излез од европскиот блок, оптимизмот постои и во нејзиниот кабинет и во бизнис заедницата на Британија.