Над 20 загинати и 90 повредени во серија напади во Кабул
06.09.2016 10:57
Вооружените напаѓачи се забарикадираа во зграда и силите за безбеднопст го блокираа реонот. По неколку часа затишје, повторно беа регистрирани истрели и експлозии.

Три експлозии во еден ден во Кабул. Загинаа 24 луѓе, а 90 беа ранети. Бомбаш самоубиец активира експлозив во камион по што следеше престрелка од околу еден час.
Вооружените напаѓачи се забарикадираа во зграда и силите за безбеднопст го блокираа реонот. По неколку часа затишје, повторно беа регистрирани истрели и експлозии.
Бунтовниците веќе 15 години се обидуваат да ја поразат владата којашто има поддршка од САД.
