Клинтон: Загриженост поради докази за вмешаност на Русија во изборите во САД
Критика упати и кон својот противник од редовите на Републиканците, Доналд Трамп, кој ја повикал Русија да разоткрие уште 30 илјади електронски дописи кои исчезнале.

Демократскиот кандидат за претседател на Соединетите Американски Држави, Хилари Клинтон изрази загриженост поради докази за вмешаност на русија во претстојните избори, алудирајќи на хакирањата на електронската пошта од демократскиот национален одбор.
Критика упати и кон својот противник од редовите на Републиканците, Доналд Трамп, кој ја повикал Русија да разоткрие уште 30 илјади електронски дописи кои исчезнале.
Официјална Москва ги негира обвинувањата. На осми ноември американците ќе одлучат кој ќе биде нивниот 45 претседател. Ова се 58-ми избори во САД кои се одржуваат на четири години.
