Дуерте изрази жалење за навредливите зборови кон Обама
Филипинскиот претседател Дуерте изрази жалење за навредливите зборови кон својот американски колега Обама, поради кои беше откажана средбата во Лаос. Обама го критикуваше казнениот систем на филипинската влада, а Дуерте му порача да не се меша во внатрешните работи на земјата...

Средбата Обама-Дуерте е откажана поради навредите кои филипинскиот претседател му ги упати на својот колега од САД. Го предупреди да не се меша во стратегијата, нарекувајќи го „кучкин син“, Револтиран од сомнежот на Обама за методите коишто се користат против криминалците на Филипините. Подоцна, се извини, образложувајќи дека вознемиреноста го совладала разумот.
„Мојот жесток коментар на одредени новинарски прашања кои ги изнесоа на површина нашата загриженост и вознемиреност беше причина за откажаната средба. Жалиме што тоа беше искажано како личен напад врз претседателот на САД“, рече Дуерте.
Средбата требаше да се одржи на Сојузот на земји од југоисточна Азија. Обама дозна за навредата на самитот на Г20 во Кина. Неговата реакција беше умерена и одмерена.
„И претходно слушав вакви описни фрази, така што Дуерте е доста живописен. На мојот тим му реков да провери дали разговорите може да бидат конструктивни и продуктивни. Филипинците се покажаа како едни од нашите најголеми сојузници. Секогаш сакам да сум сигурен дали средбите кои ми се планирани би биле продуктивни“, изјави Обама.
Над 2.000 дилери и корисници на дрога се убиени откако Дуерте им објави војна на картелите.
