Македонска туристка се удави на Крф
Информацијата ја потврди Канцеларијата за врски на Република Македонија во Грција и информира дека во тек е процедура за пренесување на телото на починатата во Македонија.

Седумдесет и шестгодишна туристка од Македонија се удавила во морето кај гратчето Мораитика на југоисточниот дел на грчкиот остров Крф, потврди Канцеларијата за врски на Република Македонија во Грција и информира дека во тек е процедура за пренесување на телото на починатата во Македонија.
Жената била на одмор на Крф, каде што пристигнала со група туристи од Македонија. Според првичните информации, 76-годишната Македонка отишла да плива веднаш по „обилен“ оброк, информира онлајн изданието на „Имерсија“.
Откако била извадена од морето, жената веднаш била пренесена во Општата болница на Крф, каде била констатирана смрт.
