Меморандум за соработка меѓу Министерството за правда и Амбасадата на Обединетото Кралство
Преку механизми и алатки се цели кон подобрување на квалитетот на правдата, преку градење капацитети за судиите и мониторирање на судските реформи...

Министерството за правда и Амбасадата на Обединетото Кралство потпишаа меморандум за соработка со кој преку механизми и алатки се цели кон подобрување на квалитетот на правдата, преку градење капацитети за судиите и мониторирање на судските реформи.
Како што информира министерот за правда Валдет Џафери, проектот има за цел да воспостави алатки и методи кои ќе го поддржат македонскиот правосуден систем во насока на зголемување на неговата независност и зголемување на довербата на јавноста во правосудството.
Посочувајќи дека судскиот систем и пристапот до правдата се актуелни теми во Македонија веќе неколку години, амбасадорот на Обединтото Кралство во земјава, Чарлс Гарет нагласи одека една клучна лекција од политичката криза, која се одрази и во идните реформски приоритети, е потребата за подобар судски систем за сите.
Ова, според Гарет подразбира подобрен капацитет на судиите, подобрени перформански на судскиот систем, зголемена доверба во судството од страна на јавноста, зголемена независност и подобар пристап до правда за сите граѓани.
