Турција: Автобус со македонски туристи удри во шлепер
Едно лице загина, 22-ца од повредените биле префрлени во најблиската болница во Малкара, 17 биле транспортирани во Кешан. Во притвор се двајцата возачи...
Еден загинат, 37 повредени од кои пет во тешка состојба. Македонски автобус со туристи удри во шлепер 40-тина километри пред турско-грчката граница.
22-ца од повредените биле префрлени во најблиската болница во Малкара, 17 биле транспортирани во Кешан. Во притвор се двајцата возачи.
Автобусот на фирмата „Бога транспорт“ управуван од 50- годишниот З.М. удрил во товарно возило кое се движело пред него, управувано од 28-годишниот турски државјанин Д.Ј.
Несреќата се случила на 10 километри од градот малкара. Се утврдуваат причините за несреќата- известуваат од МНР.
Сите информации поврзани со состојбата на повредените патници може да се добијат на телефонските броеви во генералниот конзулат во Истанбул, амбасадата во Анкара и Министерството за надворешни работи.
Генерален конзулат на Република Македонија во Истанбул
Мобилен телефон: +90 535 108 5622,
Телефон: + 90 212 249 99 77; + 90 212 251 22 33
Е-пошта: [email protected]
Адреса: Inönü Cad., Üçler Apt. No: 12 D 4, Gümüşsuyu, Taksim, İstanbul
Амбасада на Република Македонија во Анкара
Мобилни телефони: +905383130343; +905385466691
Телефон: + 903 12 439 92 08 F: + 903 12 439 92 06
Е-пошта: [email protected]
Адреса: Karaca sokak 24/5-6 Gaziosmanpasha Ankara
Министерство за надворешни работи на Република Македонија
Мобилни телефони: +38975 237 021
Тел: +389 2 3115 266, лок. 168 Факс: +389 2 3115 790
Е-пошта: [email protected], infocentar24/[email protected]
