Еден месец по катастрофалното невреме
Учениците добија училишен прибор. Според министерството за образование со мерката се опфатени меѓу 3.500 и 4.000 ученици кои ја следат наставата во 14 училишни објекти. На голем дел од жителите веќе им е исплатена авансната парична помош од 500 евра.

Еден месец по поплавите, трагите од потопот во зафатените подрачја сѐ уште забележливи. Водата е исцрпена од домовите, но мештаните работат на санирање на објектите по последиците што ги оставија поројните дождови.
Во училиштето детски џагор. Учениците добија училишен прибор. Според министерството за образование со мерката се опфатени меѓу 3.500 и 4.000 ученици кои ја следат наставата во 14 училишни објекти.
На голем дел од жителите веќе им е исплатена авансната парична помош од 500 евра.
Утре истекува крајниот рок за пријавување на настанатите штети кои се случија на 6-ти август во населените места Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Економија, Ченто, Брњарци, Страчинци, Виниче, Црешево, Булачани, Раштански пат, Смилковци, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Шипковица.
