Ребаланс на буџет: Расправа за поднесените амандмани од опозицијата

06.09.2016 13:19

Опозициската партија побара да се скратат 30 милиони денари од Дирекцијата за слободни економски зони.

Почна комисиската расправа за 11-те амандмани на ребалансот на буџетот, поднесени од опозицијата. Од СДСМ сметаат дека можат да се обезбедат 27 милиони евра за обесштетување на жителите од поплавените региони во Скопје и во Тетово, без земјава да ги користи парите од еврообврзницата.

Опозициската партија побара да се скратат 30 милиони денари од Дирекцијата за слободни економски зони.

За ВМРО-ДПМНЕ, нема потреба да се земаат средствата на Дирекцијата за слободни економски зони, бидејќи тие се важни за економскиот развој на Македонија и за новите инвестиции.