ФРОДЕМ: Загриженост од постапувањето на СЈО во случајот „Шпион“

06.09.2016 13:24

Во дописот наведуваат, калкулациите се дозволени во политиката, на берзата, но никогаш кога станува збор за правда, владеење на право и човечки судбини...

ФРОДЕМ вели Специјалното јавно обвинителство во случајот „Шпион“ требаше да изнесе и предложи нови факти и околности поврзани со прислушуваните разговори, но, тоа не го стори.

Очекуваат да биде орган кој го гони криминалот во, како што велат, политички монтирани случаи. Во дописот наведуваат, калкулациите се дозволени во политиката, на берзата, но никогаш кога станува збор за правда, владеење на право и човечки судбини.

Најавуваат дека доколку обвинителството продолжи да постапува на овој начин, ФРОДЕМ ќе ја повлече поддршката.