Засилени контроли кај откупувачите на грозје

06.09.2016 13:32

Формирани посебни тимови од повеќе од 30 инспектори кои постојано ќе ја контролираат работата на секој откупен пункт односно на секој регистриран откупувач. Истовремено се предупредуваат винариите, односно регистрираните откупувачи на грозје дека при откупот особено е важно да се обрне внимание на цената на грозјето изразена во шеќерни единици...

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски по разговорите помеѓу откупувачите и лозарите и согласно законот за вино при откупот на грозјето, на денешниот работен состанок во Неготино информира дека во наредниов период инспекторатот ќе врши интензивни и засилени континуирани контроли кај сите регистрирани откупувачи на грозје.

За таа цел се формирани посебни тимови од повеќе од 30 инспектори кои постојано ќе ја контролираат работата на секој откупен пункт односно на секој регистриран откупувач. Истовремено се предупредуваат винариите, односно регистрираните откупувачи на грозје дека при откупот особено е важно да се обрне внимание на цената на грозјето изразена во шеќерни единици. За да може да се контролира дали цената е во согласност со шеќерните единици инспекторатот набави и широмери за контрола на шеќерните единици. Воедно беше одржана и кратка обука на инспекторите за нивна употреба.

Во насока на успешно одвивање на откупот на грозјето, секоја неправилност може да се пријави и на бесплатната телефонска линија 0800 11 000, соопштуваат од Државниот инспекторат за земјоделство.

Засилените контроли од страна на Државниот инспекторат за земјоделство ќе продолжи и при откупот на останатите производи на идентичен начин како што е со откупот на грозјето.