Софтверски решенија за подобар градски превоз во Скопје
Повиците за напреварите ги распиша Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за образование и наука, Град Скопје и ЈСП Скопје и се отворени до 15 следниот месец.

Се бараат креативни идеи за креирање и воведување иновации во јавниот сектор. Отворен јавниот повик за најдобри софтверски решенија за паметна автобуска постројка и скопски автобуски хакатон.
Повиците за напреварите ги распиша Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за образование и наука, Град Скопје и ЈСП Скопје и се отворени до 15 следниот месец.
Целта е промоција на иновациската дејност, поттикнување на соработката помеѓу научно-истражувачките, високо-образовните институции и бизнис секторот, како и промоција на лабораториите на факултетите.
На хакатонот ќе се изработува иновативно софтверско решение за зголемување на задоволството од користење на јавниот градски транспорт во Скопје, преку оптимизација на бројот на патници во автобусите на линиите 2, 5, 19, 22 и 57. На натпреварот „Паметна автобуска постојка“, пак, треба да се креира идејно решение за автобуската постојка на ул. „Димитрие Чуповски“ бб (Рекорд- Центар).
