Авионска бомба пронајдена во близина на Припор
06.09.2016 13:59
Првичните процени се дека е со тежина од околу 125 килограми...

Во близина на скопската населба Припор, кај кружниот тек пред населбата Цементара, при ископ и проширување на локален пат, пронајдена е авионска бомба од голем калибар, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.
Првичните процени се дека е со тежина од околу 125 килограми. Согласно стандарните оперативни процедури, Дирекцијата за заштита и спасување, со свои стручни обучени лица, ги презема сите превентивни и оперативни безбедносни мерки.
Облележан е и заштитен просторот околу проектилот, а известени се сите околни субјекти за да го напуштат теренот, а воедно и МВР го обезбедува просторот, соодветно прописите за таа намена.
