Избори

Се чека одлука за шестата изборна единица

06.09.2016 14:49

Ќе се измени изборниот законик или одредени избирачки места ќе припаднат во соседните изборни единици. Министерството за правда треба да донесе одлука што ќе се случува со шестата изборна едниница во која прагот на гласачи е повисок од пропишаните 5 проценти...

Министерството за правда разгледува што е најдобро да преземе со 6-та изборна единица во која прагот на гласачи е повисок од пропишаните 5 за 0,28 проценти. Министерот за правда не открива што би се направило да се запази Изборниот законик кој пропишува пропорционален број на гласачи во сите шест изборни единици. Дали ќе се измени Изборниот законик или пак според одредени тврдења полесната варијанта одредени избирачки места да припаднат во соседните изборни единици.

„До Министерството за правда е доставен допис од ДИК, а во наредните денови министерството ќе достави конкретен одговор до јавноста како ќе постапи“, изјави министерот за правда Валдет Џафери.

По постигнувањето на политичкиот договор за предвремените парламентарни избори извеснен е датумот за одржување на изборите. Меѓународниот фактор кој што цело време беше вклучен во разврската на Пржинскиот јазол, сега е воздржан во коментарите.

„Не би го искористил епитетот оптимистичен или песимистичен во врска со моите предвидувања за изборите. Би рекол дека сум многу задоволен што се постигна договор. Онаа придавка што јас би ја искористил во врска со постигнатиот договор е дека изборите се многу важни за Македонија и навистина мислам дека ќе се спроведат“, изјави Џарлс Гарет.

Според неофицијалниот роковник, Собранието би се распуштило на 12-ти октомври, до тогаш сѐ треба да биде завршено во однос на 6-тата изборна единица и поголемиот број гласачи од пропишаното со закон.

 

Миле Ристески