Турција: Издадени 150 налози за апсење на професори
06.09.2016 14:55
Oсомничени се дека користеле апликации за кодирање пораки на интернет, кои им служеле на приврзаниците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого го обвинуваат за организирање на обидот за воен удар на 15 јули.

Турција издаде околу 150 налози за апсење на професори, осомничени дека користеле апликации за кодирање пораки на интернет, кои им служеле на приврзаниците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого го обвинуваат за организирање на обидот за воен удар на 15 јули.
Професорите се обвинети за „непочитување на уставот“, „обид за соборување на турската влада“ и „припадност кон вооружена терористичка организација“.
