Сообраќајка во Турција: Еден загинат, 38 повредени, пет во потешка состојба
45 годишен маж загина, 38- мина се повредени, петмина во потешка состојба. Македонски автобус со туристи удри во Шлепер доцна синоќа во близина на турскиот град Едрене. Според турксите медиуми, во притвор се двајцата возачи. Се утврдуваат причините за несреќата. Автобусот е со скоспки регистраски таблички на фирмата „Бога транспорт“...
Екипата на МТВ беше во населбата Лисиче каде што според Централниот регистар е седиштето на транспортната фирма „Бога транспорт“, но на конкретната адреса не доби одговор. Соседите велат дека нема таква фима на таа адреса.
Она што се дознава е дека загинатиот патник е од Струмица. Повредените патници со возила на итна помош биле транспортирани во најблиските болници. 38 патници се повредени, петмина од нив се со тешки повреди. На една патничка ампутирани и се нозете.
Од македонскиот конзулат во Истанбул ја потврдија информацијата, и веќе ги посетија повредените патници.
Според информациите, несреќата се случила кога македонски туристички автобус управуван од 50 годишен возач се судрил со турски камион натоварен со јаглен. Автобусот буквално се забил во камионот, кој го влечел 100-тина метри. Која била причината што довела до несреќата, засега сѐ уште не е познато.
Турската полицијата ги привела и возачот на автобусот и на камионот.
Андријана Атанасовска
