Гран при за „Устав на Република Хрватска“ на фестивалот во Мотреал
Филмскиот фестивал во Монтреал со гран при награда за филмот „Устав на Република Хрватска“. Копродукцискиот производ на Македонија, Чешка и Словенија е прогласен за најдобар во конкуренција со 21 филм. Македонската публика ќе може да го види на крајот од октомври...

Гран при за филмот „Устав на Република Хрватска“ на еден од најзначајните филмски фестивали во Монтреал. Копродукција на Македонија, Чешка и на Словенија. Во приказната која раскажува за предрасудите, неподносливоста и омразата кон различностите, но и храброста да се биде она што си, главната улога на професорот кој е хомосексуалец и травестит ја толкува Небојша Глоговац. Јелена Јованова се појавува во улогата на полицајка, а музиката е на Дуке Бојаџиев.
Филмот на Рајко Грлиќ, светската премиера ја имаше во Монтреал, а за најдобар е прогласен во конкуренција со уште 21 филм, на фестивалот чие 40-то издание се одржа од 25-ти август до 5-ти септември. Македонската премиера е закажана за крајот на октомври.
Пред десетина години, Грлиќ во Македонија го снимаше филмот „Караула“, во кој играа повеќе македонски актери, а е еден од филмовите шти му донесе најмногу награди на овој хрватски режисер, кој зад себе има 40- годишна кариера.
Александра Спировска
