Наумов реагира на денешната аукција на државни хартии од вредност

06.09.2016 15:34

Тој вели дека ресорот запишал 34 милиони евра во државни хартии од вредност, иако за враќање доспевале 29 милиони евра, со што, според него, јавниот долг се зголемил за 5 милиони евра.

Дополнителниот заменик- министер за финансии, Кире Наумов, реагира на задолжувањето на домашниот пазар. Тој вели дека ресорот запишал 34 милиони евра во државни хартии од вредност, иако за враќање доспевале 29 милиони евра, со што, според него, јавниот долг се зголемил за 5 милиони евра.

„Секое вакво задолжување на владата без согласност на дополнителниот заменик - министер за финансии е незаконско, ќе ги искористиме сите правни средства што ни стојат на располагање за да го оспориме ваквото незаконско задолжување на товар на граѓаните“, се вели во реакцијата на Наумов.