МФ: За да се намали нето задолжувањето откажани се 6 аукции
06.09.2016 15:45
Од Министерството за финансии објаснуваат дека денешната аукција на државни записи била согласно календарот...

„Нето задолжувањето е намалено со неодржувањето на шест аукции од календарот“, реагираат од Министерството за финансии на изјавата на допилнителниот заменик- министер за финансии, Кире Наумов.
Оттаму објаснуваат дека денешната аукција на државни записи била согласно календарот, а средствата кои се јавуваат како разлика помеѓу побараните на проспектот и реализираните со аукцијата ќе останат како депозит за следната година.
