„Бомбата“ во близина на насебата Припор била оксигенска боца
06.09.2016 16:05
Претходно ДЗС информираше дека на овој простор е пронајдена авионска бомба од голем калибар...

Оксигенска боца од 1,5 метри е пронајдена при проширувањето на патот во близина на населбата Припор. Ова е утврдено по извршеното ископување велат од Дирекцијата за заштита и спасување. Нема понатамошна опаснот во реонот каде беше пронајдена боцата, стои во соопштението од Дирекцијата.
Претходно ДЗС информираше дека на овој простор е пронајдена авионска бомба од голем калибар. Од Дирекцијата велат дека ги преземале сите превентивни и безбедносни мерки во согласност со стандарните оперативни процедури.
