Германски приватен авион исчезнал од радарот на Скопскиот аеродром
06.09.2016 19:42
Министерството за внатрешни работи информира дека случајот попладнево во 17.40 часот го пријавила Контролата на летање...

Приватен авион со германски национални ознаки кој превезувал шест патници исчезнал од радарот на Контролата на летање на скопскиот аеродром „Александар Велики“, на 10 километри од влезно-излезната писта.
Министерството за внатрешни работи информира дека случајот попладнево во 17.40 часот го пријавила Контролата на летање.
Авионот полетал од Тревизо, Италија, и во Македонија бил уредно пријавен за дополна на гориво.
Според првичните информации, авионот најверојатно паднал во близина на велешкото село Ветерско.
Повеќе детали од МВР најавуваат за подоцна.
