Авион се урна кај Кожле, 6-мина загинати
Во несреќата загинаа сите 6 патници и членови на екипажот: 4-ца италијански државјани и двајца од Kосово, потврдија од Mинистерството за внатрешни работи...
Приватниот комерцијален авион што вчера попладне се урна на два километра од селото Кожле, летал на дестинација Тревизо-Скопје-Приштина. Во несреќата загинаа сите 6 патници и членови на екипажот: 4-ца италијански државјани и двајца од Kосово, потврдија од Mинистерството за внатрешни работи.
Авионот чијшто контакт со контролата на летање се изгубил во 17 часот и 40 минути, пријавил дека треба да полни гориво на скопскиот аеродром „Александар Велики“.
Италијанските медиуми објавија дека во несреќата загинале 5 мажи и една жена. Според „Ла Република“ со „пајперот“ со германски ознаки управувал пилотот, кој бил претседател на Aеро-клубот во Tревизо.
Паднатиот авион бил дел од група составена од три авиони кои летале од Tревизо за Pриштина, а претставниците на италијанскиот Aаеро-клуб требало да отворат сличен спортски клуб и во Косово, пишуваат италијанските медиуми.
Поради тешко пристапниот терен и лошото време, увидот и пребарувањето на теренот продолжува и денеска.
