Десетици завеани на патот Зрењанин - Белград

31.01.2014 13:10

Десетици лица од синоќа се завеани на патот Зрењанин- Белград...

Десетици лица од синоќа се завеани на патот Зрењанин-Белград, поради два шлепера кои го попречиле патот. Камионите го блокирале патот поради ветрот кој дува со 100 километри на час низ територијата на цела Србија и носи големи количества снег. Патот е блокиран од синоќа во 21 часот, а наносите на тој дел достигнале 2 метри. Спасувачките екипи не успеваат да се пробијат до околу 50 завеани возила. Евакуирани се околу 40 ученици, неколку жени и стари лица.

Во Бразил изминатите денови нивото на ув зрачењето го достигна нивото на тоа во австралиската пустина. И покрај кампањите и предупредувањата, голем број луѓе и натаму се изложуваат на опасните сончеви зраци во периодот од денот кога се најсилни. Кремите за сончање не се чудотворни, а здравствени ризици има многу – дехидрација, сончаница, изгореници, прерано стареење и рак на кожата.

Австриската полиција разби меѓународен канал за шверц на луѓе преку територијата на балканот и уапси 9 лица. Бандата префрлала илегално луѓе преку Суботица во Унгарија, а потоа во Австрија, Германија и Швајцарија. Меѓу уапсените е роднина на шефот на бандата, кој раководел со криминалната организација и користел услуги на три лица од Косово и едно од Србија. Шверцерите за своите услуги наплаќале од 1.800 до 2.500 евра.

Крадците на парчето платно натопено со крвта на папата Јован Павле втори го фрлиле и не се сеќаваат каде. Тројцата тинејџери не ја разбрале вредноста на реликвијата што ја украле од црквата во Лаквила. Се испаничиле кога слушнале во медиумите за вредноста на предметот. Полицијата соопшти дека ако не се сетат што направиле, светиот предмет нема да биде најден.

Американското обвинителство најави дека ќе бара смртна казна за бомбашот на бостонскиот маратон, 20-годишниот Џохар Царнаев. Тој и неговиот брат Тамерлан, етнички чеченци од Русија преселени во Бостон, активираа две бомби на целта на трката, во чијашто експлозија загинаа тројца, а беа ранети над 260 луѓе. Тамерлан Царнаев загина во судир со полицијата при обид да побегне.


Марина Автовска