Свечена академија и „Бела ноќ“ за Денот на независноста
07.09.2016 10:20
Вечер во МНТ ќе се одржи Свечена академија на која ќе говори претседателот Иванов...

Со манифестацијата „Бела ноќ“ почнува одбележувањето на 25 години од Денот на независноста на Македонија. Во пресрет на државниот празник, вечер во МНТ ќе се одржи Свечена академија на која ќе говори претседателот Иванов.
Во домот на АРМ пак, оркестарот на Македонската филхармонија под палката на маестро Борјан Цанев, ќе одржи симфониски концерт на кој ќе ги изведе аријата од оркестарската свита број 3 од Јохан Себастијан Бах, „Романса број 2“ од Лудвиг Ван Бетовен, а како солист ќе настапи младиот виолинист Бојан Илковски, како и атрактивната симфонија во ге-мол број 40 од Волвганг Амадеус Моцарт. Влезот за концертот е слободен.
