Министерство за финансии
Вратени 29 милиони евра по основ државни хартии од вредност
07.09.2016 10:31
Согласно календарот, до крајот на месецов доспеваат за исплата 8 аукции, додека закажани се три нови аукции, информираат од ресорот финансии.

Министерството за финансии денеска по основ на доспеани државни хартии од вредност врати 1,78 милијарди денари или 29 милиони евра. Согласно календарот, до крајот на месецов доспеваат за исплата 8 аукции, додека закажани се три нови аукции, информираат од ресорот финансии.
На вчерашната аукција, побарувачката на државни хартии од вредност од банките ја надмина понудата за 5 милиони евра. Од Министерството велат дека оваа разлика ќе влезе во ставката депозити за следната година.
