Анкета: Трамп со 45% поддршка, Клинтон 43%

07.09.2016 10:42

Разлики постојат и во категориите на поддржувачи. Клинтон има повеќе женски симпатизери, а Трамп е фаворит на повозрасната популација.

Според најновите изборни анкети, Републиканецот Доналд Трамп ја претрка за два процента ривалката од Демократите Хилари Клинтон. За него би гласале 45%, додека за Клинтон 43%.

Разлики постојат и во категориите на поддржувачи. Клинтон има повеќе женски симпатизери, а Трамп е фаворит на повозрасната популација.

55 % од белата раса би сакале претседателската функција да ја преземе магантот, додека 71% од останатите навиваат за поранешната прва дама на САД. Клинтон има предност и кај пообразованото население.

Во телефонската анкета спроведена од 1 до 4 септември учествуваа 1.000 луѓе.