ИД уби тројца турски војници
07.09.2016 11:44
Цел на ракетниот напад биле турските тенкови кои пристигнаа на сириска територија на 24 август како дел од операцијата против курдските единици и џихадистите.

Тројца турски војници загинаа во напад на Исламска држава во Сирија. Ова се првите жртви од Турција откако официјална Анкара почна прекугранична офанзива.
Цел на ракетниот напад биле турските тенкови кои пристигнаа на сириска територија на 24 август како дел од операцијата против курдските единици и џихадистите.
Планот на турските власти е да се воспостави безбедна зона во подрачје долго 91 километар од градот Џараблус, па се до Азаз на запад.
