Бегалска криза: Во Кале ќе се гради ѕид со британски средства
07.09.2016 12:02
Изградбата ќе чини околу 2,7 милиони долари. Ѕидот ќе ги опфати двете страни на автопатот...

Во францускиот град Кале ќе се изгради четириметарски ѕид со британски средства, за да се спречи бранот илегални мигранти од Франција во Велика Британија.
Изградбата ќе чини околу 2,7 милиони долари. Ѕидот ќе ги опфати двете страни на автопатот, кој води кон бреговите на фериботната линија меѓу Франција и Велика Британија.
