Жртви во поплавите во Грција
07.09.2016 13:17
Локалнте власти побараа од Владата да прогласи вонредна состојба.

Три лица загинаа, а едно исчезна во поплавите во југоисточниот дел на Пелопонез. Локалнте власти побараа од Владата да прогласи вонредна состојба.
Невремето во Грција предизвика серија сообраќајни несреќи, како и прекин во телекомуникациските услуги и електричната енергија.
