Грција: Поради поплавите се бара прогласување вонредна состојба
07.09.2016 17:25
Властите соопштија дека во најтешко погодените селски области длабочината на водата достигнала два метра, поради што целосно се отсечени седум села.

Во поплавите на југот на Грција предизвикани од обилните дождови во текот на изминатата ноќ се удавиле три лица, а две се водат како исчезнати.
Властите соопштија дека во најтешко погодените селски области длабочината на водата достигнала два метра, поради што целосно се отсечени седум села. Во студентскиот дом во градот Каламати којшто е обиколен со вода се заглавени 80 студенти.
Невремето го погоди и околината на Солун, каде што во делови има прекин на електричната енергија и има материјална штета. Повици за помош има и од Пелопонез и од островот Закинтос.
