Соработка во винарството меѓу Македонија и Франција
31.01.2014 13:51
На денешната средба помеѓу министерот за земјоделство, Љупчо Димовски со амбасадорот на Франција ...

Се продлабочува соработката во областа на винарството помеѓу Македонија и Франција. На денешната средба помеѓу министерот за земјоделство, Љупчо Димовски со амбасадорот на Франција во Македонија, НЕ Лоранс Оер беше истакната дека Франција и Македонија имаат што да понудат во областа на винарството.
„Не сакаме да соработуваме само во комерцијална смисла, туку и во креативниот дел и би сакала да ја истакнам нашата беспрекорна соработка со Винарската визба Тиквеш во областа на енологијата“ – рече амбасадорката Оер.
На средбата со министерот Димовски дојде со конкретно барање од Регионалното европско здружение за винарство од Франција, кое е здружение на региони на европско ниво, за соработка и членување на македонските здруженија за вина од Македонија.
„Нам ни е битно членството во што повеќе организации за вино, затоа што винарството е сектор во кој во изминатите неколку години вложуваме значајни средства, а она што ни претставува особено задоволство е подигнувањето на квалитетот на виното“ – истакна министерот Димовски.
„Македонија како држава многу повеќе произведува вино, отколку што може да потроши, и тоа не принудува преку производство на квалитетно вино и промоција на надворешните пазари да го зголемиме извозот на вино“ – додаде министерот Димовски.
