Со културни настани одбележан Денот на независноста во Прилеп
Со дел културни настани Прилеп во Белата ноќ се придружи во одбележувањето на 25 годишнината од независноста на Македонија. Дождот ја скрати програмата...

Концерт на најмладите прилепски музичари, изложба на 30-ина дела од 15 прилепски уметници. Сите заедно беа дел од културните збиднувања во белата ноќ во чест на 25 годишнината од независноста на Македонија.
Граѓаните желни за вакви манифестаци. Младите сакаат да ги покажат знаењето и талентот во вакви пригоди.
И за уметниците е битен културниот израз. Прилепскиот центар за култура беше организатор на дел од културните настани во белата ноќ.
Во белата ноќ, на отворено, беа планирани уште и концертите на хоровите „Свето Благовештение“, „Света Петка“, на детскиот хор „Мали Ангели“, како и на Андреј Иваноски, Озген Сулејманоски и на октетот „Прилеп“. Дождот ги одложи и оневозможи прилепчани да уживаат во сите музички настани.
Елизабета Митреска
