ОМД повикува на единство
08.09.2016 12:52
Од ОМД повикуваат на единство и на постојана поддршка за иднината на Република Македонија...

Во честитката до граѓаните по повод 25 години независност- Обединетата Македонска Дијаспора повикува на единство.
„Ова е празник на сите Македонци без оглед на нивната етничка и верска припадност или моментално место на живеење. Македонија и македонците продолжуваат да бидат симбол на слобода на Балканот“- се вели во честитката од Обединетата Македонска Дијаспора.
Од ОМД повикуваат на единство и на постојана поддршка за иднината на Република Македонија, и, како што посочуваат, и на Македонците кои живеат во Грција, Бугарија, Албанија, Србија и Косово.
